30 Април, 2024
0.0272

МЕЛАНОМОТ Е НАЈСМРТОНОСЕН РАК НА КОЖАТА: Сонцето и УВ зраците најопасни

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Високи температури до 40 степени со висок УВ индекс до 9 најавуваат метеоролозите за оваа недела. Сонцето е клучен фактор за појава на меланом на кожата па докторите предупредуваат граѓаните да бидат исклучително внимателни. Дерматолозите велат дека меланомот е најсериозниот и најмалигнен тумор на кожата. Се препорачува колку што е можно повеќе да се избегнува изложувањето на сонце, да се користат заштитни креми.

Лица кои се со посветол тен, тие кои имаат бенки на кожата и лица со зелени очи и црвена коса се поризична група. Дерматологот специјалист Андреј Петров вели дека меѓу ризиците се и евентуалната семејна историја на болеста во семејството. 

„Меланомот е најсериозниот, најмалигнен тумор на кожата. Потекнува од пигментните клетки. Меланомот е и најчестата причина за смрт од сите други болести на кожата. Прв знак за меланом е промена во големината, бојата или обликот на некоја бенка на телото. Тоа треба да е и аларм за итна посета на доктор, вели д-р Петров од Клиничката болница Аџибадем Систина. 

Тој вели дека колку порано се открие меланомот, толку се поголеми шансите за лекување. Додава и дека солариумите се двојно поштетни од сонцето односно дека дозата на УВ зрачење во солариумот е 2 до 10 пати поголема од таа на сонцето. 

Инаку според прогнозата особено топло ќе биде од среда кога долж Повардарието максималната температура ќе биде околу 40 степени. Од петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, се наведува во информацијата од УХМР.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање