04 Мај, 2024
0.0255

Менаџментот на САСА нуди покачување на платите на сите вработени и дополнителни вложувања во подобри услови за работа

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Преговорите меѓу раководството на рудникот САСА и синдикатот - членка на Мултиетничкиот синдикат на образованието (МЕСО), влегуваат во завршна фаза. Согласно потишаната спогодба за преговори, раководството на САСА го достави до синдикатот предлогот за зголемување на платата на вработените и натамошно унапредување на условите за работа во компанијата, што соодветствува со барањата на синдикатот.


Раководството на САСА предлага генерално зголемување на платите на сите вработени во компанијата кое ќе се реализира оваа и наредните две години.  Конкретно, раководството на САСА нуди сите вработени во компанијата, почнувајќи од 1. март 2018-та година, да добијат зголемување на месечната плата за 5500 денари. Дополнително, платата на сите вработени ќе биде зголемена и за дополнителни 5% во 2019-та и уште толку во 2020 година.

Со ова покачување, платите во рудникот САСА ќе го надминат прагот од 40.000 денари, односно ќе бидат за 27% повиски од просечните плати во рударската индустрија во земјава, согласно официјалните податоци за исплатената просечната плата во рударството во јануари 2018-та година, објавени од страна на Државниот завод за статистика.


Во доставениот предлог до синдикатот, раководството на САСА најави и дополнителни вложувања во осовременување на системот за организиран бесплатен превоз на вработените, како и во системот за исхрана. Иако со закон компанијата не е обврзана да нуди бесплатна исхрана и превоз за вработените, раководството на САСА ќе продолжи да го обезбедува тоа за сите вработени во компанијата, при што ќе се вложат над 250.000 евра во реновирање на фабричката кујна и кантина и во подобрување на автобускиот превоз за вработните.

Со ваквите инвестиции, новите сопственици на САСА – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, ги исполнуваат дадените ветувања кон вработените во САСА дадени при купувањето на рудникот во ноември минатата година. Според нивните сознанија, претходните сопственици на рудникот подолго време не направиле никакви напори за зголемување на платите на вработените и не вложувале во системите кои овозможуваат подобри услови за вработените.  

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото