МЕНУВАЧНИЦИ ИЛЕГАЛНО МЕНУВАЛЕ ПАРИ: Немале лиценци за работа, некои работеле спротивно на законот! Еве во кој град во Македонија се затворени!
Објавено во: Македонија 20 Март, 2023
Завчера, полицијата заедно до инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари во Куманово. Кај четири физички и правни лица се констатирани неправилности, односно работење спротивно на Законот за девизно работење на РСМ. При контролата на две правни лица во Куманово, чии управители се М.К. и Д.М., од Куманово, утврдено е дека не поседуваат Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари, а кај нив се пронајдени голем износ на домашни и странски пари во различни валути. Во деловен објект – менувачница без регистрирано правно лице, во сопственост на М.А. од Куманово, е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар на РСМ, а не поседува ниту Лиценца ни Решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата и М.А. противправно поседувал домашни и странски валути во поголем износ, а на Градскиот плоштад во Куманово, затекнат е М.С. од Куманово како врши менувачко работење спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење, при што и кај него се пронајдени поголем износ на пари во различни валути. За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај овие правни и физички лица беше известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок.