06 Мај, 2024
0.0250

МЕРКЕЛ: Јас не би се вакцинирала со АстраЗенека, иако вакцината е сигурна

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема да биде вакцинирана со вакцината АстраЗенека. Имено, иако ригорозната европска агенција за лекови ЕМА одобри вакцинирање со АстраЗенека за сите над 18 години, германските научници не ја препорачуваат оваа вакцина за лица над 65 години.

Според Гардијан, дури четири петтини од вакцината АстраЗенека доставена во европските земји сè уште не е користена. Проблемот со одбивањето на оваа вакцина е особено изразен во Германија.

Податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦД) велат дека од 6.134.707 дози дистрибуирани во 27-те земји-членки на ЕУ, дури 4.849.752 се уште неискористени.

Само во Германија повеќе од милион дози вакцина АстраЗенека сè уште се чуваат, пред се затоа што луѓето не сакаат да се вакцинираат со оваа вакцина. Германија користела само 15 отсто од дозите на АстраЗенека.

Властите во Франција, Германија, Полска и Италија препорачуваат вакцинирање со АстраЗенека само за оние на возраст под 65 години. Се чини дека ова е клучниот фактор што влијае на бавната употреба на оваа вакцина во земјите на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук