Меркел ќе соработува со Анкара, но критики ќе има
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2016
Германскaта канцеларка, Ангела Меркел изјави дека земјата има намера да ја продолжи соработката со Турција, но, исто така, ќе продолжи да укажува на проблемите во земјата со слободата на печатот и човековите права.
Меркел ова го изјави за време на говорот пред Бундестагот.
„Преговарачкиот процес треба да биде зачуван"- рече таа и додаде дека Германија е заинтересирана за соработка со Анкара, но тоа не значи дека нема да има критики.
Ние сме заинтересирани за тоа да водиме мудра соработка со Турција, но тоа не значи дека ние не треба јасно да зборуваме за она што загрижува, рече Меркел.
Односите меѓу Берлин и Анкара беа затегнати оваа година, откако Бундестагот усвои резолуција за убиствата против Ерменците во Отоманската империја во Првата светска војна како геноцид. Според локални набљудувачи сепак Германија е зависна од Турција, бидејќи Анкара го запира бегалскиот поток од Блискиот Исток кон Европа.