МЕРКЕЛ УЖАСНАТА ОД ИНЦИДЕНТОТ ВО БЕРЛИН: Згреши ли што им ги отвори вратите на бегалците?
Објавено во: Свет 20 Декември, 2016
Во вторникот во 11 часот канцеларката Ангела Меркел и се обрати на германската јавност по повод трагедијата на божиќниот саем во Берлин, на кој возачот на камионот убил најмалку 12 и повредил 48 лица.
„Ова е многу тежок ден, а јас сум како и милиони Германци ужасната од она што вчера се случи на божиќниот саем. Ова е несфатлив чин во кој се убиени 12 луѓе, 12 луѓе кои нема да бидат со своите најмили за Божиќ, а најмалку 54 од нив се повредени.
Целата држава е обединета со семејствата на жртвите и се надеваме дека ќе се опорават и продолжат со своите животи. Би сакала да им се заблагодарам на сите служби кои им помагаа на несреќните на плоштадот, а мислам и на истражувачите кои го истражуваат овој страшен чин.
Злосторниците ќе бидат строго казнети во согласност со нашите закони. Судејќи по досегашните докази, мора да претпоставиме дека се работи за терористички чин. Страшна е можноста дека човекот кој дошол во Германија да бара азил направил вакво злосторство. Би било страшно за сите Германци кои активно секојдневно им помагаат на барарелите на азил и бегалците, што не смееме да заборавиме. Би било неприфатливо за оние кои им помагаат на луѓето кои дошле во оваа земја да барат азил.
Наскоро ќе имаме конференција во самиот врв на власта за информации во врска со трагедијата и последиците на овој чин- се слушам и со претседателот и со министерот за внатрешни, а после ќе отидам на божиќниот саем да им се поклонам на жртвите“, рекла Меркел.
„Несфатливо е некој да може да направи ваков чин на божиќен саем, но ние не сакаме да живеме во страв дали некој да ќе ги одземе нашите животи и нашата слобода“, заклучила Меркел на која сочуство и изрази и рускиот пртеседател Путин.
„Ова злосторство против мирољубивите цивили е шокантен во својот див цинизам“, напишал Путин до германската канцеларка Меркел и претседателот Јоаким Гаук, како што се тврди на официјалната страна на Кремљ.