05 Мај, 2024
0.0260

Messenger веќе може да се користи и без профил на Facebook

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

„Facebook“ веќе дава можност за користење на апликацијата „Messenger“ и без да имате отворено профил на социјалната мрежа.

Запишувањето во услугата се прави само со име и телефонски број, како што тоа се прави и во останатите апликации за брза комуникација. Засега тоа се однесува само во САД, Канада, Перу и Венецуела, но се очекува наскоро опсегот да се прошири и во други земји.

При внес на тој начин апликацијата ќе предложи да го испрати именикот на корисникот до серверите на „Facebook“, каде датотеките ќе се проверат за усогласеност со другите регистрирани социјални апликации за да може да се создаде листа на контакти за разговор. Ќе има можност за пребарување на „Facebook“ и име за откривање на луѓето кои не вовеле телефонски број.

Општо земено логичен потег од страна на социјалната мрежа, иако месечно „Messenger“ ужива од 700 милиони корисници - на овој начин компанијата ќе може да ја прошири и понатаму покриеноста на услугата, која ги опфати и луѓето без профил на „Facebook“.