04 Мај, 2024
0.6794

Мицкоски до пензионерите: Заев не ви ги зголемува, туку ги крати пензиите

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со свое видеообраќање до пензионерите, кажа дека е лага дека се зголемуваат нивните пензии.

„Заев говори лаги дека ви ги зголемува пензиите, вистината е дека тој ви одзема од вашите пензии кои ги имате заслужено. Верувам дека нема да потпаднете на манипулациите на Заев кој одзема 450 денари од пензиите“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија истакна дека до 1 јануари оваа година година, зголемувањето на пензиите се пресметувало како резултат на зголемувањето на два индикатори – раст на трошоците за живот и половина од растот на просечната плата во државата во претходните 6 месеци од годината. На 1 јануари, вели Мицкоски, Заев го укина вториот индикатор за зголемување на пензиите, а тоа е растот на просечната плата во државата, и со тоа ви ги намали пензиите.

„Просечната пензија на 31.12.2018 година изнесуваше 14.445 денари, и ако таа пензија како што беше со закон предвидено се зголемеше за половина од 6,15 проценти колку што беше растот на просечната плата во второто полугодие од 2018-тата година, тогаш пензијата ќе се зголемеше за 3,075%, и таа ќе изнесуваше 14.890 денари, односно вашето месечно зголемување требаше да биде 445 денари во првата половина од 2019-та година, пари кои Заев не ви ги даде, односно ви ги одзеде. Ако просечната пензија на 30.06.2019 година изнесуваше 14.890 денари, и ако таа се зголемеше за 1,75 отсто, колку што изнесуваше половината од процентот на раст на просечната плата во првото полугодие од 2019-та година, тогаш вашата пензија требаше да изнесува 15.150 денари, или вие пензионери требаше да добиете ново зголемување на пензијата од дополнителни 260 денари. Значи со укинувањето на законската одредба, Заев во првите 6 месеци од 2019-та ви одзема по 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019-та година ви одзема дополнителни 705 денари месечно, или вкупно во 2019-та година Заев ви одзема 6.900 денари, или 575 денари месечно просечно“, вели Мицкоски.

Тој понатаму додаде дека просечната пензија на 31.12.2019-та година требала да изнесува 15.150 денари, и доколку се претпостави дека растот на просечната плата во втората половина од 2019 и во првата половина од 2020-та година изнесува 5 отсто, тогаш просечната пензија во периодот јануари – јуни 2020-та година треба да изнесува 15.530 денари, а во втората половина од 2020 година просечната пензија треба изнесува 15.917 денари.

„Со укинувањето на законската одредба, Заев во првите 6 месеци од 2020-та година ви одзема по 380 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2020-та година ви одзема по дополнителни 770 денари месечно, или вкупно во 2020-та година Заев ви одзема дополнителни 6.900 денари, или 575 денари месечно просечно“, нагласи Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска