МИЦКОСКИ Е ПОДОБРО И ПОВИКУВА НА БИТКА СО ВЛАСТА - наведната глава сабја не ја сече, но мора да се исправиме
Објавено во: Македонија 07 Март, 2021
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е во болница, на Инфективната клиника поради компликации од коронавирусот.
Вчера, реплицирајќи му на Зоран Заев, се пожали на висока температура, главоболка и отежнато дишење.
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска рече дека според информациите со кои тој располага, неговата состојба е стабилна.
А, Мицкоски најверојатно вечерва, и воопшто денеска, се чувствува подобро.
Претпладнево тој на фејсбук го сподели пресот на партискиот потпретседател Владимир Мисајловски, во кој беше одбиен предлогот на Заев.
Вечерва, пак, Мицкоски, сподели една мудрост, дека „Наведната глава сабја не ја сече. Но, ако сакаме подобро, мора да се исправиме“, напиша Мицкоски.