Мицкоски: Јас во Европа не сум видел премиер што бега од дебата
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2018
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 27 годишната конференција на УМС на партијата, истакна дека власта само на зборови е проевропски ориентирана, но не и по делата.
Праша дали е европски да бега премиерот од дебата со лидерот на опозицијата, што толку многу ја барал кога тој беше лидер на опозиција.
„Бега и се моли што побрзо да заврши процесот со уставните измени, а и за економијата нема што да каже. Ако излезе на дебата ќе мора да збори и за криминалите што се случуваат. Јас во Европа не сум видел премиер што бега од дебата. Европски ли е да се претепа човек во Струмица од криминалци со фантомки само затоа што се дрзнал да го критикува братот на премиерот? Европски ли е да се води прогон кон опозицијата и да се прави полициска опсада на нејзиниот штаб, претресувајќи ги возилата и луѓето кои излегуваат и влегуваат во нејзиниот штаб“, вели тој.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Македонија е далеку од Европа со оваа власт.
Вели дека како тргнало и наредната година нема да добиеме датум за преговори.