Мицкоски не се виде со Јанакиески, бара оставки
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2019
Затворската полиција не му дозволи на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да го посети Миле Јанакиески во болницата ГОБ „8 Септември“, по што тој побара оставка од премиерот Зоран Заев и од министрите Оливер Спасовски и Рената Тренеска Дескоска.
Вели дека рацете на Зоран Заев се крвави и не постои вода, во периодов што следи, да ги испере.
„Срамота! И ако е ова примерот на демократските институции, ако ова е животот кој што се донесе во Република Македонија, нека им служи на чест. Граѓаните на Република Македонија ова нема да го заборават и за сите овие злодела ќе ги казнат насилниците и сторителите. Уште повеќе ме загрижува фактот што никој не најде за сходно да излезе и да ја признае грешката пред македонската јавност, преку ефтин ПР се втурнуваат луѓе во дополнителни проблеми, во дополнителна жива кал, да правдаат нешто со изговори кои што не постоеле“, вели Мицкоски.
Во затворот Шутка екс министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески беа нападнати.