Мицкоски: Oна што го прави овој африкански монарх е прогон
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2018
Oна што го прави овој африкански монарх е политички прогон, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестен марш пред Владата.
„Бирај место, и водител и време, пред Нова година, тет а тет јас и ти, да говориме отворено“, изјави Мицкоски.
Бара оставка на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, човекот кој рече дека сме искомплексиран народ, министерот за надворешни работи, Никола Димитров рече дека треба да си оди.
Да се повлечат даноците, и да се рестартира проектот за гасификација, бара Мицкоски. Побара да се почитува волјата на народот, искажана на 30 септември.