03 Мај, 2024
0.0276

Мицкоски: Пендаровски во 15.30 часот да ме чека на Водно, доаѓам со сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 13 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Христијан Мицјкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека заедно со пратеничката група на партијата ќе оди во резиденцијата на Водно за да побара средба со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, и му порача на шефот на државата да биде таму во 15.30 часот.

- Од партиското седиште со цела пратеничка група ќе тргнеме кон резиденцијата на претседателот, а Пендаровски во 15.30 часот да пречека и да не прими мене и уште еден пратеник за да ни објасни како му го додели денеска мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, без докази дека има обезбедено мнозинство за составување на Влада, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денешното доделување на мандатот го искоментира како кршење на уставот во кој учесник е претседателот на државата

- Мандатот без доказ може да се додели на кого било, зошто тогаш на СДСМ. Ова не е случаен преседан, Денеска го видовме како го дава мандатот на пратеник кој нема доказ за обезбедено мнозинство во парламентот. За жал Пендаровски покажа дека е пиун и извршител во рацете на Заев, кој самиот призна дека нема мнозинство и деновиве ќе прави поткуп на пратеници. Во 15.30 часот ќе дојдеме кај Пендаровски да ни објасни врз основа на кој доказ го доделил мандатот, наведе Мицкоски.

Тој порача дека Пендаровски претходно самиот рекол дека ќе го додели мандатот само на оној кој има цврсти докази дека има обезбедено парламентарно мнозинство за Влада.

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ