Мицкоски: СДСМ на следните предвремени или редовни избори ќе добие нокаут
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018
На референдумот Владата предводена од СДСМ ја доби шлаканицата, но на следните предвремени или редовни парламентарни избори ќе добие нокаут, изјави претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју на Алфа.
Вели дека на избори жестоко ќе ги поразат СДСМ. Предупреди дека фокусот на битката е против, како што вели, одродената и криминална влада на СДСМ.
Мицкоски остро ја критикуваше последната владина одлука за воведување на прогресивен данок и вети дека штом опозицијата се врати на власт повторно ќе го врати рамниот данок.