Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2019
ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој повика да се распушти Собранието веднаш.
Вели дека народот ќе избере каква држава сака.
„Она што е потребно е час поскоро да се одржат тие предвремени парламентарни избори, за да може народот да му даде одговор на Заев за она што го направи на Македонија“, изјави Мицкоски.
Вели дека ова е „црн петок“ за граѓаните на Македонија, и македонската нација.