04 Мај, 2024
0.0321

Мицотакис бара Македонија неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот

Објавено во: Балкан 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Кирјакос Мицотакис изјави денеска дека решение за името не може да постои без Македонија да го промени Уставот и комплетно и неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот.

Тој говорејќи пред неговите сопартијци посочи дека начинот на кој Владата во земјата управува со преговорите, предизвикува загриженост и уште еднаш го повтори неговиот став дека „нема да ги поделат Грците, за да ги обединат Скопјаните“.

„Особена загриженост предизвикува ситуацијата во скопското прашање. Таму каде што тајната дипломатија, со незнаење на никој, одеднаш донесе во прв план едно прашање, кое како што се чини, не беше зрело да се реши. И уште полошо, со скопското прашање, владата на крај успеа да ги обедини и да ги зајакне нашите соседи и се обиде да ги подели Грците“- вели лидерот на опозициската Нова демократија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис упати остри критики до владата на премиерот Алексис Ципрас дека е опасна за грчката надворешна политика.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни