09 Мај, 2024
0.0252

Мицотакис тврди Александар Велики бил Грк и не сака дискусија по ова прашање

Објавено во: Балкан 15 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Немаме што да споделиме од културното наследство на Александар Велики, изјави лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, одговарајќи на овој начин на изјавата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека во 21 век, две европски држави што го споделуваат географскиот регион Македонија, треба да најдат начин за споделување и на културни наследства.

„Бидејќи ја прочитав изјавата на Димитров дека треба да го споделуваме културниот идентитет, немаме ништо да споделиме. Александар Велики беше Грк. Нема сомнеж за тоа и нема да влеземе во дискусија или преговори за ова прашање. Тоа е основен дел од националниот идентитет. Не постои компромис за ова прашање“ - вели Мицотакис. 

Тој како пример спомена прашање во квиз во британско шоу. На прашањето „Која националност бил Александар Велики?“, одговорот, дека бил Грк, бил земен како погрешен, затоа што точниот одговор бил: Македонец.

„Овие прашања предизвикуваат емоционални реакции“- коментираше Мицотакис.

Претседателот на Нова демократија, како што јави дописникот на МИА од Атина, е во посета на САД и во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, говореше за грчката надворешна политика и прашањето за името. Во однос на преговорите, Мицотакис, рече дека не е особено оптимист, а овој негов став го поткрепи со начинот на кој грчката Влада се справи со прашањето од самиот почеток. Сепак, објасни дека Владата во Скопје е отворена за компромис, а ги повтори и позициите на Нова демократија за пакет решение.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?