01 Мај, 2024
0.5917

Михаел Рот: Не може проширувањето на ЕУ да биде заложник поради билатерални барања на една земја-членка

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Михаел Рот, германскиот министер за Европа, во својата последна колумна за „Ди Велт“ на две недели пред истекот на германското претседателство со Советот на ЕУ најмногу се насочи на годишнината од Дејтонскиот мировен договор, но еден дел посвети на Македонија и проширувањето на европската заедница.

„Нашето ветување е: Иднината на Западен Балкан лежи во ЕУ! За оваа иднина, Босна и Херцеговина и другите земји од Западен Балкан мора да го постават курсот. Албанија и Северна Македонија веќе постигнаа големи работи на патот кон ЕУ, постојано спроведuваа амбициозна агенда на реформи и не беа спречени од назадувања. Со решавањето на спорот за името со Грција, Северна Македонија влезе во историјата во најдобрата смисла на зборот.

Зеленото светло дадено пролетта за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија беше вистинскиот, иако задоцнет чекор. Првите пристапни конференции со двете земји сега мора да следат што е можно поскоро, под услов да се исполнат условите. Германија силно го застапуваше ова за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ.

Затоа што едно е јасно: ЕУ од своја страна мора да го одржи својот збор и да го испорача. Процесот на пристапување не смее да се одложува бидејќи една земја-членка ја направи ЕУ  заложник на билатералните барања.

Најблиската можна врска со Западен Балкан е во наш сопствен стратешки интерес. Инаку, другите актери кои имаат малку заедничко со нашите вредности ќе ги пополнат празнините. Не можеме да дозволиме тоа да се случи во свет во кој се соочуваме со тешка системска конкуренција со авторитарните сили.

Ако ЕУ не успее во Западен Балкан, во нашето директно соседство - тогаш што е со нашата „глобална политичка способност“? Затоа, ЕУ мора да се вклучи таму многу повеќе и да стане многу повидлива. Новата американска администрација исто така се очекува да преземеме поголема одговорност во нашето соседство. Изборот на Џо Бајден за претседател на САД сега нуди шанса да застанеме повторно заедно и одлучно за мир, помирување и демократија на Западен Балкан“, пишува Рот во дел од својата последна колумна.


Можеби ќе ве интересира

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок