Мијалков негира вмешаност во инцидентот со Златев
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2020
Eкс директорот на УБК, Сашо Мијалков на фејсбук објави дека насилството врз новинари е неприфатливо и доколку имало таков случај го повикува МВР да го расчисти.
„Ниту некој од моето семејство, ниту некој од моето обезбедување кое е составено од професионалци не учествувал во никаков инцидент и сигурен сум дека тоа ќе се докаже откако ќе се расчистат сите детали. Тоа што во моментов се прави е реализација на уште една хајка против мене, преку медиумите под контрола на Христијан Мицкоски. Во изминативе две години Мицкоски нарачуваше десетици измислени и неточни текстови само за да ја покрие сопствената неспособност да ја води партијата и да понуди визија која што ќе ги привлече граѓаните“, напиша Мијалков.
Утрово беше нападнат новинарот Љупчо Златев.