26 Април, 2024
0.0283

ИНТЕРВЈУ

Милан Вујовиќ, „Самсунг електроникс“: Македонија не заостанува зад технолошките трендови

Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија не заостанува многу зад светските трендови на технологија, бидејќи има една линија на пораст во интересот и потршувачката на големи модерни телевизори и нови модели на мобилни телефони. Ова е впечатокот на Милан Вујовиќ, првиот човек на компанијата „Самсунг електроникс“ за јадранскиот регион, во кој се наоѓа и Македонија.

Тој вели дека продажбата на мобилните уреди е тесно поврзана со операторите и нивните понуди за плаќање на рати, пакет понуди, па дури до 85 отсто потрошувачката на телефоните се прави на тој начин.

На најголемиот глобален Саем за електронска поштрошувачка „ИФА“ во Берлин годинава „Самсунг“ презентираше низа на паметни производи од бела техника, но и мобилни уреди, часовници и слично.

Токму таму, „Фактор“ ја искористи можноста за разговор со Вујовиќ и подетално да ги дознаеме навиките за купување  на Македонците на ваквите производи.

ФАКТОР: Какви се светските трендови во технологијата и каде се наоѓа Македонија на таа мапа?

Милан Вујовиќ: Во последните две години она што ние го работиме редовно го промовираме и во регионот. Сите продукти кои ги лансираме низ светот, ги промовираме и кај нас. Пазарот во Македонија во споредба со пазарот на остантите земји во регионот во кои конкретно јас работам, нема голема разлика. Во два сегменти, односно мобилните уреди и домашните апарати се трошат многу слично во земјите од регионот. Сличен е менталитетот на потрушувачите. Кога зборуваме за мобилните уреди, нивното купување е силно поврзано со операторите, дури до 85 отсто. Логично е, бидејќи така купувачите добиваат можност да плаќаат на рати, на одложено плаќање, добиваат пакет понуди. Тоа им го олеснува пристапот до најмодерните и најновите технологии. Минатата година во Македонија имаше голем пораст во купувањето на телефони и тоа го сметаме и за наш успех. Се создава еден тренд, кадешто секој човек оди едно ниво погоре во однос на телефонот кој го користи. Од друга страна, кога се во прашање домашните апарати, телевизорите, тоа е веќе поинаков концепт на купување. Помалку се купува бела техника, бидејќи таквите апарати или пак конкретно телевизори не се купува толку често. Луѓето ќе се вселат во нов дом, па тогаш го опремуваат, а не купуваат секоја година нов телевизор, каков што е трендот со телефоните. Но, она што го имаме забележано е дека се почесто луѓето купуваат поголеми дијагонали. Сето ова ми зборува дека потрошувачите ги пратат трендовите. Ние како компанија пред три години решивме да не им се обраќаме на купувачите само преку маркетинг, туку директно да им пристапуваме преку наши кампањи и тоа дава одлични резултатите, бидејќи на тој начин подобро му објаснуваш на потрошувачот за функциите на одреден прозивод.

ФАКТОР: Што е најважно или најкорисно во моментов во однос на иновациите?

Милан Вујовиќ: Постојат два столба кога зборуваме за иновации. Првиот столб е вештачката интелигенција која практично ја презема контролата кај многу уреди. На пример, на Галакси Ноут9 покажавме дека вештачката интелигенција презеде голем дел од контролата на тој уред. Кога фотографирате со него, може да бидете опоменати, ако фотографијата не е во ред, ако некој замижал, ако не е добро светлото и слично. Вештачката интелигенција во овој уред има улога и во најбрзото стримање кое може една мрежа да го поддржи.  Значи нема успорување, кочење, кога стримањето е во прашање. Сега можеме да видиме како вештачката интелигенција работи и кај телевизорите. Ако имаме  содржина која доаѓа во ХД или 4к резолуција, на самиот екран да ја гледаме во 8к резолуција. Тоа го прави вештачката интелигенција со т.н. апскејлинг на сликата и тонот и со тоа се добива најдобро емитуваната содржина. Вториот столб е она што го почнавме пред две години, а тоа е можноста преку телефонот да се поврзеш со сите паметн апарати дома се користат.

ФАКТОР: Последно го промовиравте QLED 8К телвизорот. Кога ќе биде достапен за продажба во Македонија?

Милан Вујовиќ: Нашите проценки се дека до крајот на годинава ќе биде достапен и во регионот и на македонскиот пазар.

ФАКТОР: Се споменува користењето на 5г мрежата, кои се вашите проценки, кога ќе може да се користи кај нас?

Милан Вујовиќ: Веројатно тоа ќе се лансира во некој поразвиен свет од нашиот регион. Но, кога ќе се спои со нашите технологии е навистина непредвидливо. За некои процеси кои сме мислеле дека ќе започнат за три или пет години, се случувало да се реализираат за една година. Не би сакал да давам прогноза, бидејќи тоа е во доменот на операторската индустрија која нас ни е поддршка. „Самсунг“ како компанија е целосно подготвена за да се спроведе тоа. Ние го олеснуваме начинот на користење на уредите и го забрзуваме целиот процес во нашиот домен.

ФАКТОР: Пред нецел месец го промовиравте Галакси Ноут9 во Скопје. Иако е краток периодот, имате информации каков е интересот?

Милан Вујовиќ: Навистина има голем интерес и како што претходно напоменав, тој постојано се зголемува. Како серија Галакси Ноут9 нас ни е многу важен, бидејќи тој е одговор на лојалните потрошувачи и сето она што нив им треба.  На сите кои користат Ноут, им го препорачувам Ноут9 и сигурен сум дека нема да преминат на друг модел долго време, бидејќи е најдоброто во моментов од мобилни уреди. И ние во компанијата веќе го користиме и знам дека нема да го заменам. Овој модел е за оние кои го бараат најдоброто од најдобрите и неговите перформанси може да ги користат и во бизнис, приватно, за забава, гејминг и се што ќе им падне на памет.

ФАКТОР: Какви телефони се продаваат најмногу во регионов и Македонија, со добра камера, голема меморија, издржлива батерија, што бараат најчесто луѓето?

Милан Вујовиќ: Ние започнуваме да спроведуваме такви истражувања во поголемите земји, а подоцна ќе примениме тоа и во регионов. Наскоро ќе имаме база на податоци на локално нивно. Македонскиот пазар не отстапува од останатите, па дури и на светско ниво. Но, она што можам да го кажам е дека ние настојуваме потрошувачите да имаат квалитетна сервисна поддршка. Многу е важно откако ќе се купи некој уред, купувачот да има на располагање сервис и за време на гарантниот рок да има на располагање и делови и се што е потребно. На компанијата и е многу важно, купувачот да го добие сето она што му следува и за кое тој платил. 


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“