06 Мај, 2024
0.0307

Милијардер им подари 100 000 долари божиќен бонус на вработените

Објавено во: Стил 12 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Оваа година Божиќ ќе е особено посебен за група американски службеници, кои ќе добијат огромни бонуси од својот шеф.

Станува збор за една од најголемите приватни нафтени компании во САД - Hilcorp. Нејзиниот сопственик Џефри Хилдебранд ќе им подари на сите негови 1 381 вработени по 100 000 долари божиќен бонус.

Во 2015 година по трет пат компанијата беше одредена како една од најдобрите места за работа. Причината за невообичаено големите бонуси се најдобрите резултати во последните години. Последниот петгодишен план предвидуваше за Hilcorp двојно профит и тоа беше постигнато.

Во 2010 година, пак, беше постигната друга цел - удвојување на големината на компанијата - и тогаш вработените можеа да избираат меѓу нов автомобил во вредност од 50 000 долари или 35 000 долари во кеш.

Аманда Томпсон, која е рецепционер во Hilcorp, најави дека Хилдебранд е одличен мотиватор кој ги промовира заедничките напори на сите вработени. "Неверојатен ден! Еден сон стана реалност! Тоа е момент кој малкумина ќе го доживеат!", извикала таа.

Томпсон објасни дека еден дел од луѓето ќе ги користат парите за да се пензионираат порано, за поправка на домовите, патувања или да платат колеџ на своите деца, а други како неа само ќе ги чуваат за црни денови.