07 Мај, 2024
0.0249

Милошоски: Џафери се однесува како министер и ги брани од пратенички прашања Заев и Османи

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека Талат Џафери, наместо како Спикер, се однесува како владин министер кој си ги штити колегите од пратенички прашања!

„Согласно ч.38 од Деловникот на Собранието институтот пратенички прашања е неограничено право на секој пратеник, во секое време, ви интерес на јавноста да постави прашање до секој владин министер. Пратеничкото прашање е и контролен механизам кон владата, но и тест за владината транспарентност кон пратениците и јавноста и нема ограничување за поставување пратенички прашања ни во првите сто, ни во последните 100 дена!“, потсетува Милошоски.

Но, додава овој пратеник, „Талат Џафери наместо да биде прв меѓу пратениците што имаат интерес да добијат одговори од владата, тој спротивно на Деловникот наликува како да е владин министер без ресор кој премиерот Заев и министерот Османи ги штити од две писмени поставени прашања на теми од јавен интерес:
1. Колку празни амбасади и конзулати има Македонија во овој момент? и
2. Дали согласно Договорот за стратешко партнерство САД-Македонија од 2008г., после потпишаниот Договор на Србија и Косово во Вашингтон, владата смета дека нашата амбасада треба да биде преместена од Тел Авив во Ерусалим?“.

Како што пишува Милошоски, „овие две пратенички прашања според Талат не смеело да се поставуваат во првите 100 дена!? Срамен обид за бегање од одговори“.

Во прилог Милошоски на фејсбук го објавува и одговорот од Џафери.

„Но, "честитки" за Вас министре Талат Џафери. Заев и Бујар би требало да ти дадат добар бакшиш за тоа како неделовнички ги браниш од можното вознемирување преку поставените прашања на пратениците. Транспарентен си ко белоруско Собрание!“, обвинува Милошоски.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата