Милошоски ги испрати ќерките во приватна градинка
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020
Антонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека ги испратил своите две ќерки во градинка откако попуштањето на мерките го дозволија тоа.
„Почнуваме во градинка : ) за почеток насмеани. Дариа и Михаела во градинката "Гонџа" (Карпош), заедно со другарките ќе ги учат првите букви, песнички, но и тоа дека треба да го почитуваат авторитетот на учитеките. Со среќа куклички!“, напиша на Фејсбук поранешниот министер за надворешни работи.
Привататната детска градинка „Гонџа“ е во состав на ПСУ „Јахја Кемал“, а со работа започна во 2015 година.
Згрижувањето на децата од предшколска возраст во Македонија од 9 септември.