29 Април, 2024
0.0267

МИЛОШОСКИ ГО ИСКАРА ДИМИТРОВ: Високата министерска плата размазениот ја зема за да работи и да дава отчет

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој е претседател на Комисијата за надворешни работи во Собранието, денеска со жесток напад врз вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, затоа што вчера не отиде во Собранието на седницата на Комисијата, која тој ја свика и на неа бараше да се утврдат црвените линии на Македонија во однос на бугарските ставови.  
Милошоски го нарекува Димитров размазениот МИНИСТЕР.

„Не сакал да го загрозува своето здравје, за да си ја работел работата?! Колку лицемерно, кога се знае дека дел од неговата висока министерска плата, со личен шофер и службено возило ја зема за да работи, меѓу другото, и за давање отчет и пред пратениците, со присуство во Собранието.

Додека илјадници медицински сестри си ја работат својата работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата скромна плата, размазениот министер ги потценува со оправдание дека не сакал да дојде да одговори на две прашања во Собранието. Срамота!

Додека илјадници касиерки во самопослуги, новинари, аптекари, келнери, заболекари и службеници се присутни на работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата плата, министерот кој зема пет пати повисока плата од нив, не можел да дојде до Собрание на еден час и да им објасни на пратениците што преговарал со Бугарија?!“, вели Милошоски.

Според него, „додека заменик министерот за финансии може 5 дена да седи со пратениците во Собранието и да го брани ребалансот на буџетот, од кој ќерката на размазениот министер зема висока стипендија од 40.000 евра годишно, овој нежниот и своите колеги министри ги понижува со изговорот дека не сакал да дојде во Собрание да не се заразел. Но, порано или покасно, сите министри ќе дојдат во Собрание, па и најразмазениот“, пишува претседателот на собраниската комисија за надворешни работи. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце