Мини градски електромобил Made in Bulgaria! Кога?
Објавено во: Балкан 30 Август, 2016
Бугарија е на пат да стане производител на мини градски електромобил, објави заменик-претседателот на Здружението на електромобилите, Мартин Заимов.
„Ова е проект финансиран од програмата за иновации на ЕУ. Нема само Бугарија да ги произведува, ќе има и други партнери. Производството е многу поевтино и многу поедноставно отколку на нормалните автомобили"- вели тој.
Според него целта на проектот е да се направи мулти платформа, максимално енергоефективна и да има максимален квалитет и цврстина.
„За долг пат се препорачува користење на полнач станици и така може да возиме меѓу 130 и 160 километри"- објасни Камен Василев, член на Бордот на Бугарската асоцијација „Електрични возила".
Тој посочи дека предноста на електромобилот е што е сосема тивок и не ја загадува животната средина.
Еден електричен автомобил има 1.000 резервни делови, а еден обичен - 3000 делови.