Минимално зголемување на додатокот за лица со посебни потреби
Објавено во: Финансии 03 Јули, 2018
На денешната владина седница е донесена одлука за зголемување на висината на правотона посебен додаток за дете со специфични потреби коешто има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години и овие лица ќе бидат и здравствено осигурани.
Износот на утврдената висина на правото на посебен додаток со Законот за заштита на децата се зголемува од 4.202 денари на 5.021 денари, а самохраните родители кои имаат дете со специфични потреби со пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години наместо 6.303 денари ќе добиваат сума од 7.351 денар. За материјално необезбедени родители, кои се корисници на социјална помош и постојана парична помош, а коишто имаат дете со специфична потреба до 26 години додатокот се зголемува од 5.252,50 денари на 6.276 денари.