26 Април, 2024
0.0268

Министерката Апостолска му ги кажа политиките на Владата за странски инвестиции на холандскиот амбасадор Пломп

Објавено во: Мои пари 07 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Вилем Ваутер Пломп.

На средбата беше изразено задоволство од долгогодишната добра економска соработка помеѓу двете земји  и беше оценето дека постои простор за понатамошно унапредување на бизнис релациите помеѓу холандските и македонските компании. На средбата се дискурираше и за економските сектори во кои холандските компании би имале интерес да инвестираат во Република Македонија, при што како можни сектори беа истакнати хај-тек индустријата, туризмот, земјоделството и хортикултурата, како и текстилната индустрија.

Министерката Апостолска ги презентираше можностите за инвестирање во Република Македонија и го информираше амбасадорот за политиките на Владата за странските инвестиции, како  и за новиот модел за привлекување на нови инвеститори. Министерката ја нагласи важноста од транспарентност во целокупниот процес на привлекување инвестиции и еднаквиот третман на домашните и странските компании.

На крајот беше договорена следна средба на министерката Апостолска и амбасадорот Пломп во амабасадата на Кралството Холандија во Македонија, на која ќе присуствува и претставник на македонско-холандската стопанска комора и ќе се разговара за проширување на можностите за влез на холандски капитал во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“