12 Мај, 2024
0.0363

Министерката Јоксимовиќ: Поради тоа што Албанија и Македонија не добија датум , доцни методологијата за Србија

Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Јадранка Јокџсимовиќ, српската министерка за евроинтеграции, примената на новата методологија за процесот на преговори е одложена, бидејќи земјите-членки и Европската комисија сè уште не можат да се договорат за преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, што индиректно влијае на преговорите со Србија.

Јоксимовиќ рече дека сега, кога поглавјата веќе не се основен инструмент, потребен е „јасен и прецизен план на европските партнери за критериумите за напредокот на реформите и начинот на кој тие ќе бидат оценувани“.

„Ќе продолжиме да ги спроведуваме реформите што влијаат побрзо на динамиката на преговорите со ЕУ, особено оние од областа на владеењето на правото, односно првиот кластер, од кој се отворени сите поглавја и на кои се работи на усогласување со препораките на ЕУ“, рече таа. 

Како што додаде таа, пред се, станува збор за уставни измени како дел од судските реформи, имплементација на Стратегијата за медиуми, понатамошно унапредување на човековите и малцинските права.

Јоксимовиќ исто така рече дека, кога станува збор за техничкиот аспект на преговорите, тие „проактивно работат“ на прилагодување на сите структури кон новата методологија, „засновани на она што го знаеме засега“.

„Ние се подготвуваме да преговараме на начин најавен од ЕУ, кој треба да го забрза процесот, преку посилен политички надзор и детално спроведување на стратешките планови за реформи, кои се суштината на новата методологија“, рече Јоксимовиќ.

Таа исто така рече дека, од друга страна, е важно членките на ЕУ да покажат поголем ентузијазам за проширување „бидејќи Западен Балкан повеќе не е дел од проблемот, туку решение за постигнување стабилност на самата Унија, особено по Брегзит“.

Како што додаде таа, регионот е исто така дел од решението за надминување на економската и мигрантската криза.



Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!