ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра
Објавено во: Финансии, Балкан 12 Мај, 2024 11:10
Денеска истече преодниот рок што го одреди Централна банка во Приштина за почеток на примената на уредбата за забрана на користење на динарот на Косово.
Во Приштина најавија дека од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои за готовински трансакции во Косово користат валути освен еврото, соопшти РТК.
Во преодниот период не беа изречени казнени мерки, туку граѓаните беа информирани за примената на регулативата за готовинско плаќање. Комерцијалните банки кои работат во Република Косово добија инструкции да отворат нови филијали на северот.
Како што соопшти Централната банка на Косово (ЦБК), по 12 мај, сите готовински трансакции каде било во покраината мора да се вршат во евра, јави дописникот на МИА од Белград.
- Валутите различни од еврото може да се користат како вредност за складирање во физичка форма или на банкарски сметки во валути што не се во евра, за извршување на меѓународни плаќања во валути што не се евра и за девизни активности - се наведува во уредбата на ЦБК.
Следната недела во Брисел ќе се одржи седмата по ред рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, на која, како што најави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, главна тема повторно ќе биде „едностраната и незаконска одлука на Приштина да ги укине динарите и платежниот оптек на динари на Косово“.
Петковиќ рече и дека нацрт-статутот на Заедницата на српските општини подготвен од ЕУ може да биде добра основа за продолжување на разговорите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





