03 Мај, 2024
0.0278

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НЕ ОТСТАПУВА: Не укинуваме ни една дисциплина, но на учениците мора да им дадеме целосна слика, а не само да учат факти

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Реформите кои се подготвуваат во основно образование не значат укинување на ниту една научна  дисциплина. Напротив, со нив се подобрува концептот на кој учениците ќе ги изучуваат сите предмети. Новото основно образование на ученикот ќе му даде целосна слика за одреден настан или тема, што се постигнува со интердисциплинарен и интегриран пристап, односно поврзување на информациите од повеќе предмети. Ваквиот пристап им овозможува на учениците полесно да ги поврзат наставните содржини со реалноста и да ја согледаат смислата на она што го учат.

Ова е соопштението што денеска стгна од Министерството за образование и наука, по бурните реакции откако се најави укинување на предметот историја.

„Министерството за образование и наука ги основа овие реформи врз современи концепти и приоди, а со цел учениците да се стекнат со знаења од сите области - историја, географија или содржини од друга научна дисциплина. Но, тоа ќе биде на начин прилагоден на нивната возраст, начин кој ги руши строгите граници меѓу дисциплините и го претставува светот, процесите и појавите во нивната поврзаност и единство. Ваквите наставни планови успешно функционираат во речиси сите земји во Европа, Америка, Австралија, односно во наставниот план на ИБ програмата.

Во овој момент, пред јавната расправа се зборува и презентира Концепт. Конкретните наставни програми во кои ќе бидат поставени очекуваните резултатите од учењето, а врз основа на нив и содржините што учениците треба да ги совладаат од одделните научни дисциплини (историја, географија, граѓанско образование) ќе бидат дефинирани понатаму. Во овој процес, при изработката на наставните програми, ќе бидат вклучени универзитетски професори и наставници од соодветните области.

Согласно истражувањата, извештајот на ОЕЦД за нашата земја како и резултатите од меѓународните студии, постигнувањата и знаењата на нашите ученици се меѓу најниските на листата на учесници во тие студии. Ова е директна последица на начинот на кој е оформен образовниот систем. Учениците учат факти, не умеат да ги поврзуваат информациите и знаењата од различните дисциплини што ги добиваат преку изучувањето на различни наставни предмети во основното образование. Затоа е особено важно да се промовира учењето преку истражување кое е можно единствено преку интеграција и интердисциплинарно изучување. Тоа е начинот да го подобриме образованието и негуваме креативни и иновативни ученици“, велат од Министерството за образование.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април