08 Мај, 2024
0.0242

МИНОВСКИ: Нема опасност за ПИОМ, извештаите на Светска банка да не се читаат тенденциозно!

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Откако Менаџментот на Фондот за пензиско осигурување го објави Извештајот за работата за минатата година, но во него нема ниту збор за минатогодишните проблеми кога беше обелоденето дека токму државниот фонд не уплаќал пари за членовите во приватните пензиски фондови, што е законска обврска, со реакција се јави министерот за финансии Кирил Миновски.

Тој вели дека проблемот со првиот пензиски столб е познат од причина што Мaкедонија откако што постои како држава, тоа осамостјување го направи со 20 милиони евра и најголем дел од средствата, односно оние пари што ги издвојуваа пензионерите во поранешна Југославија, во моментот кога се осамостојуваше државата, едноставно ги немаше. 

„Од тие причини се појави така нарачениот прблем со првиот пензиски столб. За да се реши овој проблем Светска Банка некаде во 2005 година иницираше реформи со коишто беше донесена одлука во тој временски период да се отпочне со креирање на тростолбен пензиски систем. 

Тоа подразбира постоење на прв столб кој што се базира на т.н задолжително државно осигурување, втор столб кој што се базира на задолжително приватно осигурување и трет столб кој се заснова на доброволно осигурување. Проблемите што ги имаше државата се наследени проблеми и тие се проблеми кои претежно се однесуваат на првиот пензиски столб. 

Државата ги презеде реформите со цел да се стимулира појавата на приватни пензиски фондови кои на идните пензионери ќе им обезбедат сигурни пензии. Она што можам да го кажам во моментов е дека овој тростолбен систем функционира и во однос на пензискиот систем се водат дебати не само во Македонија туку и во други држави, меѓутоа клучната поента е дека Владата на Р.М е цврсто определена да креира работни места затоа што за нас е многу поважно луѓето да бидат вработени отколку невработени. 

Од тој аспект ние промовираме низа активни мерки на пазарот на трудот со цел да се намали основниот прблем што ја тишти Македонија, а тое е структуралната невработеност со која имаме хроничен проблем. Значи, не постои опасност за функционирањето на ПИОМ, тие извештаи на меѓународните институции треба малку подобро да се прочитаат, а не да се издвојуваат опеределени зборови или реченици. Мислам дека треба нетендициозно да се читаат извештаите, вели министерот Миновски.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување