МИСТЕРИЈА ВО СРПСКИ ГРАД: Платите на сите им паднаа за 12000 динари за еден месец
Објавено во: Балкан 28 Јуни, 2017
Жителите на Нови Сад минатиот месец примиле по 70.113 динари бруто, или 50.962 динари плата без даноци и придонеси.
Во април бруто платата била 82.032, а нето 59.646 динари. Ова го покажуваат бројките на Републичкиот завод за статистика.
Минатиот месец граѓаните од Нови Сад имале повисоки примања од работниците во Вршац и Панчево.
Жителите на Печинац имале највисоки плати во Војводина и тоа 73.313 динари бруто.
Најмали плати имале во Бачки Петровац каде работниците примале плата од 35.364 динари.
Официјалните податоци покажуваат дека во Србија на четвртина од населението им се заканува сиромаштија.