07 Мај, 2024
0.0261

Митрополитот Агатангел е против барањето БПЦ да биде црква мајка на МПЦ

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Митрополитот Повардарски г. Агатангел не се согласува со писмото што Синодот на МПЦ-ОА го испрати до Бугарската православна црква со кое бара од БПЦ да ѝ биде црква-мајка и да ја признае автокефалноста на Македонската црква.

Тој го оценува барањето на Синодот на МПЦ-ОА до БПЦ како брзоплето и наивно и дека ќе доведе до национално понижување.

Во соопштение од владиката Агатангел стои дека писмото е само уште едно продолжение од неодамнешниот договор за добрососедство кој го потпишаа македонската и бугарската Влада.

„Овој договор во својата суштина наликува на повоен договор помеѓу победник и поразен. Сè уште не можам да разберам зошто ние без ниту една причина ја прифативме улогата на поразена страна“- наведува Агатангел.

Тој вели дека неговата вознемиреност и несогласувања со писмото до БПЦ се поттикнати од фактот дека „живееме во време кога интензивно се работи на решавање на т.н. „македонско прашање“ кое, како краен резултат треба да избрише сè што е македонско од нашите сеќавања“.

За ова прашање деновиве имаше различни коментари од повеќе страни. 

Писмото од Македонската православна црква до Бугарската патријаршија е исклучително позитивен чекор што треба да се прифати, смета Андреј Ковачев, бугарскиот европратеник од редовите на партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.

Деканот на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски во изјава за МИА оцени дека сега конечно се наѕира можно праведно Соломонско решение за македонското црковно прашање.

Писмото што Светиот синод на МПЦ-ОА го испрати до Бугарската православна црква, е уникатен потег прилично различен од досегашното конзервативно одвивање на работите кога станува збор за прашањето за стекнување статус на автокефалност, чекор кој може да донесе некои позитивни ветришта од аспект што ние, за жал, сме во ситуација во која нема што да загубиме. Но, сепак, вистинската адреса за афтокефалност и натаму е Српската православна црква, посочува Даниел Димевски, верски аналитичар и магистер по меѓународно право, дипломатија и политика.

Можеби ќе ве интересира

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци