11 Мај, 2024
0.0242

Мизо нема проблеми со новата Влада, ги зголемува вработувањата

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Виктор Мизо, поранешниот долгогодишен прв човек на Дирекцијата за трговско-индустриски развојни зони, како директор на странската инвестиција „Костал“ најави зголемен број на вработувања од Струга и Охрид.

Мизо во времето на претходната власт беше еден од клучните за привлекување странски инвестиции, а со доаѓањето на новата Влада бепе обвинет од вицепремиерот Кочо Анѓупев дека ја злоупотребил функцијата за да си најде работно место во „Костал“.

Сега Мизо најави дека германската компанија за автомобилски компоненти во својот производствен капацитет во Охрид планира во наредната календарска година да вложи дополнителни 18 до 20 милиони евра во нови производствени линии, а бројот на вработени во фабриката од сегашните 322 да достигне над 500.

- Персоналот го креираме преку континуирани обуки на нашите вработени во сопствените фабрики во Германија и Ирска. Во Германија работници за на линија на најмалку четири седмична обука, додека во Ирска во електроника од шест до девет месеци, изјави Мизо.

Во фабриката во поранешно „ЕМО“ се произведуваат модули за речиси сите светски автомобилски компании, односно комплексни производи што подразбираат поквалификуван персонал и технолошки софистицирана опрема.






Можеби ќе ве интересира

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?