04 Мај, 2024
0.0256

Млади, иновативни, инспиративни - аплицирајте за Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award 2018

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Млади сте? Имате идеја за отворање свој бизнис  преку креирање ново иновативно решение? Се грижите за општеството? Да?  Тогаш аплицирајте ја вашата идеја заклучно со8 мај 2018 година, вторник (на полноќ)заНаградата за социјално претприемништво „Social Impact Award 2018! Конкурсот е отворен онлајн на веб-страницата socialimpactaward.mk.

Ако сакате да добиете корисни коментари и помош за пријавување на идејата, тогаш дојдете на  3 мај 2018, во „Јавна соба“ (Public Room) од 15:00 часот и запознајте го нашето стручно жири. На ваквиот настан, „Запознај го жиритo“,  сите присутни ќе имаат можност да ги споделат своите идеи со членовите на жирито и да добијат конструктивни коментари за својата идеја, која потоа можат да ја пријават на Social Impact Award 2018.

Наградата за социјално претприемништво, која по четврти пат се доделува во Република Македонија, е најголемиот интернационаленнатпревар за студентите на тема претприемништво. Проектот е основан и инициран од Универзитетот за бизнис и економија во Виена и Impact Hub, а мисијата е да го промовира социјалното претприемништво меѓу студентите.

Во Македонија се смета дека 46,4 отсто од младите до 30 години се без работа. Од нив 23,76 отсто се со високо образование.  Проектите како ваквиот натпревар за претприемништво, имаат за цел да ја поттикнат самоиницијативноста кај младите и да помогнат во ублажување на проблемот со невработеност во земјата.

По неговото завршување, се избираат најдобрите апликации што минуваат низ период на инкубација. Апликантите потоа добиваат менторски часови и инструкции како да ја доразвијат идејата, а во септември се одбираат четири победнички решенија/идеи. Три од победничките идеи добиваат финансиска поддршка, а за четвртата награда од заедницата е предвидена менторска поддршка како и сметководствени услуги.

Иницијатор на Наградата штосе доделува четврта година по ред е Social Impact Lab во соработка со организацијата Младиинфо, Пакомак, Фонд за иновации и технолошки развој и Конто профит.Поддршката и годинава е обезбедена од Шпаркасе банка Македонија, која е верен соработник во мисијата за подобро општество.

Социјалното претприемништво сè уште е во зачеток кај нас, а целта на Social Impact Award е младите да отворат сопствени социјални бизниси, да останатмотивирани, да аплицираат на конкурсот, да се самовработат и најважно да направат нешто добро за општеството како целина. Многу е важнода се детектираат општествените предизвици и да сеизнајдат соодветни самоодржливи бизнис-модели за нивно долгорочно решавање.

Целиот циклус завршува на почетокот на ноември кога победниците имаат можност да учествуваат на интернационалниот самит, кој годинава ќе се одржи во прекрасната Грузија. Таму победниците се запознаваат со другимлади социјални претприемачи ширум светот, ги доразработуваат своите идеи, стекнуваат пријателства и разменуваат искуства.

Повеќе информации можете да добиете на веб-страницата socialimpactaward.mk. 



Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото