26 Април, 2024
0.0666

Млекара Здравје реализира ефективна кампања за новиот јогурт „Бенефит“

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Билборди со возрасен човек во одлична физичка состојба, кој со новиот јогурт„Бенефит“ја одржува својата кондиција и енергија, специјално креирани автобуски станици, облепени автобуси, живи и интересни дигитални банери, се дел од каналите кои ги користи Млекара Здравје за промоција на својот нов производ, функционален пробиотски јогурт„Бенефит“. Се забележуваат и девојчето со балон кое лебди од леснотија и емотивната прегратка на ќерката и таткото супер херои, кои се сигурни дека имаат вистинска заштита секој ден.

Новиот разигран дизајн на производите на Млекара Здравје, ги задржува традиционалните елементи, истакнувајќи го македонското потекло на овој производ, но сега целата комуникација се карактеризира со еден модерен и енергичен концепт.

Новиот дизајн, ги прати сите функционални подобрувања на производите на Млекара Здравје во изминатиов период, со што компанијата сака да ја смени перцепцијата,од  локален произведувач на млечни производи, во модерна и современа компанија која создава производи со висока вреднност, и кои набрзо ќе остварат успех и пробив на регионалните, како и на светските пазари.„Имаме квалитетно млеко, млеко добиено од најдобрите фарми во Македонија, модерна опрема, ефективен систем за контрола на квалитет, и одлична дистрибутивна мрежа. Создадовме нов квалитетен производ, кој многу брзо ќе биде прв избор за потрошувачите кои се грижат за својот здрав живот“, изјавија од Млекара Здравје.

„Бенефит“веќе е достапен на продажните места. Станува збор за нова инвестиција во цел еден нов асортиман на здрави производи, амбициозен проект, на коj интензивно работеа повеќе од 6 месеци експерти од повеќе области како нутриционисти, технолози и експерти за производство на храна. Производот„Бенефит“ е резултат на потребите на модерните потрошувачи, кои имаат динамичен животен стил, кои внимаваат на својата исхрана и преферираат висококвалитетни производи.

Покрај свежиот и пријатен вкус, во својот состав „Бенефит“содржи и комбинацијата на пробиотски култури кои овозможуваат воспоставување на цревна рамнотежа помеѓу таканаречените „добри“ и „лоши“ бактерии. Предностите се посебно нагласени кога има нарушенa микрофлора од најразлични болести, стрес, земање на антибиотици, консумирање на алкохол или стареење. „Бенефит“може да има позитивни ефекти и во намалување на надуеноста.

Се препорачува како додаток на секоја исхрана, за сите возрасти, како производ кој благотворн делува на дигестивниот тракт и го зајакнува имунолошкиот систем на организмот. Нутриционистите и докторите го препорачуваат особеново летниот период како диететски производ кој ефикасно се грижи за здравјето.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“