ММФ им наметнува нова „болна“ пензиска реформа на Германците
Објавено во: Свет 11 Јули, 2017
ММФ ги повика германските власти да ја подигнат старосната граница за пензионирање над 67 години.
Како образложение, таа меѓународна институција наведува дека постарата популација би можела да работи подолго и со тоа да штеди помалку, а да потроши повеќе.
„Пензиската реформа која ги поттикнува луѓето да се пензионраат подоцна, би ја намалила потребата од штедење за тие денови, би ја поттикнала потрошувачката и со тоа би го намалила суфицитот“, рекол експертот на ММФ за Германија.
Некои економисти ја критикувале Германија поради тоа што пред три години го вовеле правилото Германците да може да се пензионираат и на 63 години. Тоа, како што наведуваат некои, земјата би можело да ја чини и 10 милијарди евра годишно.
ММФ веќе неколку пати го предупредуваше Берлин дека мора да ги зголеми инвестициите во Германија.
„Дополнително оваа пензиска реформа би ги ограничила ефектите на стареење и би влијаела на економскиот раст“, речено е.