18 Декември, 2025
0.0575

МНОГУ ТРУД И МАЛКУ ПАРИ: Нема леб од „белото злато“

Објавено во: Економија 24 Август, 2022 07:52

Добивај вести на Viber

Јоже Трајков од селото Чешиново  вели дека нема егзистенција од производството на ориз.

Пред производителите е уште една од тешка, ако не и најтешка година во однос на претходните. Tрајков откако знае за себе, неговото семејство се занимавало со производство на ориз. Од 12  хектари површина добива над 100 тони, односно 60 тони чист ориз. Трајков вели дека засега не знаат по која цена ќе се откупува оризот и арпата, но за да трудот им се исплати, оризот не треба да биде под 70 или 80 денари, а арпата да не падне под 40 денари.

„Ние  не се плашиме од работа, но се плашиме од високи трошоци за нафта, ѓубрива, пестициди“, рече Трајков.

Тој вели дека за разлика од Македонија, сите други земји многу повеќе внимание посветуваат на оваа култура, за која смета дека е втора најважна веднаш после пченицата. Објаснува дека другите земји многу повеќе вложуваат во преработувачки капацитети, семиња, погони и слично.

„Сум инвестирал цел живот во механизација, ниви, и идната година ако вака продолжи, за да садам треба да се задолжам, или да продадам една нива. Ние сме семејство од три члена, а син ми сака да ја напушти државата“, рече Трајков.

За работата вели дека е макотрпна, по цел ден се на сонце, а високото УВ зрачење доведува и до појава на разни болести кај оризот и тоа се одразува на приносот. Порано многу оризопроизводители го разнесувале оризот од град на град и го нуделе на трговците.

„Борба за живот, да се земе некој денар, но сега со овие цени на  горива нема математика да одам до Скопје, Тетово, Куманово, да го носам оризот. Не можеш во исто време да бидеш и трговец и производител“, објаснува Трајков.

Надлежните засега немаат информација колку би била цената за оризот и арпата оваа сезона.

„Овогодинешниот откуп на ориз уште не е започнат, па од таа причина не би можеле да знаеме која би била откупната цена за оризот и за оризовата арпа оваа реколта. Исто така крајната откупна цена ја креира пазарот, во зависност од понудата и побарувачката, и тука МЗШВ нема надлежност и не може да влијае. Како министерство ги поддржуваме оризопроизводителите преку повеќе мерки, па така висината на директните плаќања за ориз изнесува 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари до максимум 50 хектари со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар; За оние без сертифициран семенски материјал поддршката изнесува 18.000 денари по хектар. Исто така веќе втора година по ред поддржуваме нова мерка за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз, како и мобилни сушари за ориз“, велат од МЗШВ. 

Во Чешиново скоро секој жител сее ориз. Кочанските оризопроизводители пред неколку дена ја блокираа едната коловозна лента на патот Штип-Кочани. Годинава оризот е засеан на 4.500 хектари површина, а се очекуваат околу 22.000 тони оризова арпа.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во 2020 година во земјава се произведени 19.518 тони ориз, а  лани 18.962 тони. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/dashu83

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа