Димитриеска - Кочоска по преспиена ноќ: Случајот со Петровска да биде затворен
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2025 13:31
Гордана Димитриеска - Кочоска, министерката за финансии, не се извини по упатената навреда кон пратеничката на СДСМ и поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, откако на пратенички прашања во Собранието и рече дека таа „нема деца и не треба да коментира за семејната месечна потрошувачка кошничка“.
- Вчера бев многу јасна. Јас очекувам овој случај да биде затворен. Веќе изразив желење за целиот контекст. Таа самата го знае тоа дека немав намера никого да навредав. Таа глуми жртва откако претходно се искоординиралекако да настапат. Ниту една туѓа навреда кон мене нема да ме натера да навредувам. За мене таа тема е затворена и се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност.
Им пречам затоа што темелно си ја работам работата чекор по чекор. Цел сум на лажни соопштенија и изјави со месеци, па не слушнавте од мене да излезам и да се жалам, коментираше министерката како одговор на новинарско прашање.
Димитриеска - Кочоска за днееска свика прес-конференција, на која ги презентираше резултатите на странските директни инвестиции, а одговорот на новинарското прашање и беше подготвен и прочитан.
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката за финасии после вчерашните дискриминаторски навреди упатени Петровска.
На прес-конференцијата, пратеничката Јована Треневска, нагласи дека министерка која понижува граѓанки не заслужува да води министерство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




