07 Мај, 2024
0.0269

МНР денеска ќе го кандидира Дане Талевски и други амбасадори

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска на владина седница ќе ја достави кандидатурата на досегашниот советник на премиерот Зоран Заев за надворешна политика, Дане Талески, да ја превземе испразнетата амбасадорската позиција во НАТО.

Владата во вторникот брифираше дека Талески е кандидатот кој ќе ја пополни оваа клучна позиција во момент кога земјата наскоро очекува да стане 30. членка на НАТО. Талески, досегашен советник за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, наедно е и Национален координатор за НАТО. 

На денешната седница треба да се изберат амбасадори за повеќе испразнети позиции. Високи владини извори најавија дека сите предлози за амбасадори се целосно усогласени помеѓу Димитров и претседателот на државата Стево Пендаровски.

Сепак се остава простор непополнети да останат повеќе амбасадорски позиции, од кои некои се стратешки за земјава како таа во Вашингтон. Дваесет и седум амбасадорски места, со тоа во НАТО, за кое денеска треба да се одлучува на владина седница се уште не се пополнети.

Денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на јавна расправа го претстави предлог-законот за надворешни работи, со кој ќе се зголеми процентот на дипломати од кариера на 80 отсто како и материјалната одговорност на дипломатските претставници.

Можеби ќе ве интересира

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите