09 Мај, 2024
0.0256

Мобилните оператори ќе и платат 1,1 милиони евра на ОТА

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Мобилните оператори за прв пат откако е формирана посредно ќе и платат на Оперативно-техничката агенција 1,1 милиони евра за нејзиното работење во текот на 2020, наместо тоа да го финансира целосно централниот државен буџет, како што беше првично предвидено, и да не се остави простор за судир на интереси.

Според Законот за оперативно-техничка агенција и Законот за следење на комуникации , од оваа година мобилните оператори треба делумно да ја финансираат работата на агенцијата која ги следи комуникациите под посебни истражни мерки како независно тело што произлезе од реформата на безбедносните служби.

Посреднички, според финансискиот план за 2020, Агенцијата за електронски комуникации, која се финансира од мобилните оператори, ги собрала овие пари минатата година по два основи и ќе и ги исплати на ОТА. Спорен е и процентот, бидејќи колку повеќе приходи собира АЕК од нив, толку повеќе пари ќе има и за безбедносната служба.

Станува збор за 50 отсто од вкупните реализирани приходи кои АЕК ги остварила за претходната календарска година од годишните надоместоци кои операторите ги плаќаат за надзор на пазарот и 10 отсто од вкупните реализирани приходи кои АЕК ги остварила за 2019 од надоместоците од имателите на одобренија за користење на радиофреквенции. Годишниот извештај покажува дека тоа се вкупно 66.950.000 денари. Од првиот основ се собрани 25.500.000 милиони, додека од вториот ги има 41.450.000 милиони. Слична вкупна сума од 63 милиони денари треба да се платат на ОТА според приходите од 2018-та.

Во текот на минатата година владините функционери тврдеа дека законските измени за делумно финансирање е привремено решение. Меѓународните експерти не го поддржуваат ваквиот начин на финансирање на едно независно тело од друг независен регулаторен орган.. 

„Ова е привремено решение бидејќи обврските што Агенцијата за електронски комуникации требала да ги исполнува сега ги презема ОТА и дел од средствата без значително оштетување на буџетот на Агенцијата ќе бидат префрлени кај ОТА. Мислам дека ова е привремено решение сè додека не најдеме одржливо решение за подобро функционирање на оваа агенција“, рече вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи. Самото Собрание при законските измени се обиде да аргументира дека одземање пари од АЕК нема да влијае. негативно на неговата работа

„По формирањето на Оперативната-техничка агенција како регулаторно тело за сегментот на работа што беше во надлежност на Агенцијата, а сега во надлежност на ОТА, природно е и фер, финансиските средства кои се пресметани како средства за извршување на истите активности од буџетот на АЕК, автоматски да се префрлаат во буџетот на ОТА.“, гласеше во законската оправданост.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?