Могерини: Самитот ЕУ - Западен Балкан ќе биде важен настан
Објавено во: Балкан 06 Мај, 2018
Самитот ЕУ - Западен Балкан ќе биде многу важен настан, коментираше високиот претставник на ЕУ за прашањата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.
Тоа ќе биде знак дека ЕУ и нејзините партнери од Западен Балкан делат не само географски простор, туку и заеднички цели.
„Гледаме колку тесно е поврзан Западен Балкан меѓу себе и со Европа и сметам дека е во интерес и на Западен Балкан, но и на целата ЕУ да работиме врз основа на доверба и тие да имаат сигурна европска перспектива“, кажа Федерика Могерини.