МОЌНАТА ЧЕТВОРКА ЗА УКРАИНА: Што договориле Путин, Меркел, Оланд и Порошенко?
Објавено во: Свет 18 Април, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и украинскиот претседател Петро Порошенко за решавање на вооружениот граѓански судир на истокот од Украина, соопшти прес службата на Кремљ.
„Лидерите на Нормандиската четворка ја потврдиле посветеноста на договорот од Минск на полето на безбедност и политичките аспекти на мировното решение. Тие го поздравиле договорот за продолжение на вкрстениот прекин на огнот постигнат на 29 март на состанокот на Контакт групата и го нагласиле значењето за неговото стриктно надгледување“, стои во соопштението.
Се наведува дека „лидерите повикале на јакнење на напорите за решавање на проблемите на затворениците кон формулата сите-за-сите“.