Момчето кое ја прегази Верица Белчовска доби 2 и пол години затвор
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2021
Две и пол години затвор доби 18-годишното момче кое на пешачки ја прегази и усмрти Верица Белчовска, чии органи беа донирани и спасија неколку животи. Ова е одлука на Апелациониот суд.
Апелација за тешката несреќа која се случи во Струмица во април годинава донесе одлука момчето што ја прегази Белчовска и што го напушти местото на несреќата да добие казна затвор од две години и шест месеци. Адвокатката на семејството, Сања Мирчов вели дека за родителите тоа е неприфатливо ниска казна.
„Минимална казна му е изречена на обвинетиот за две кривични дела, судот беше должен да го цени фактот дека на пешачки премин засекогаш згасна млад живоот“, рече адвокатката.
Семејството на Верица по нејзината смрт одлучи да се донираат нејзините органи.