Мосад стравува дека Иран ќе развие нуклеарна бомба
Објавено во: Свет 05 Април, 2018
Јoси Коен, шефот на израелската тајна служба Мосад, тврди дека според расположливите разузнавачки информации, Иран и натаму е цврсто решен и активно работи на развој на нуклеарна бомба која може да биде закана за постоењето на еврејската држава.
„Како шеф на Мосад јас сум 100 отсто убеден дека Иран никогаш не се откажа од својата нуклеарна визија, ниту за момент. Тој договор овозможува Иран да ја оствари таа визија. Затоа верувам дека договорот мора во целост да се промени или да се отфрли. Во спротивно, тоа би била страшна закана за безбедноста на Израел“, изјави Коен.
Коен за тоа прашање одржа разговори со високи претставници на државата, јавија локални медиуми, повикувајќи се на неименуван извор близок до разговорите.