МОЖЕМЕ ДА ЗДИВНЕМЕ: Само еден град е средно загаден
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020
Во Македонија само еден град е средно загаден, а сите други се ниско или многу ниско загадени.
Мерните станици покажуваат дека во Кочани воздухот е средно загаден.
Ова е драстична промена, откако оваа зима имавме многу денови со екстремно аерозагадување.
Во светски рамки, денеска Скопје е 55-от најзагаден град на светот.
И регионот го крева гласот против загадувањето, а во соседна Србија ќе има протести во дваесетина градови.