04 Мај, 2024
0.0258

Можности и предизвици за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Како да се зголеми конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија во насока на подобрување на нивната соработка со странските инвеститори, кој се можностите и предизвиците, се клучните дилеми за кои Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, заедно со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје ќе дебатираат на заедничка конференција што се организира во петок 20.4.2018 година.

Идејата е да се лоцираат можностите за поголема соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании, со цел да се зацврстат меѓусебните врски, за што ќе бидат презентирани и успешни приказни на веќе воспоставената соработка.

Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да добијат повеќе информации и за политиките и мерките на финансиските институции и странските донаторски организации за поддршка на локалните мали и средни компании и за зацврстување на нивните капацитети со цел да станат локални добавувачи.

Конференцијата се организра во рамки на проектот финансиран од фондови на ЕУ, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во партнерство со Универзитетот за техника од Виена -  Институт за менаџмент во науката, а е поддржан и од Владата на Република Македонија. Проектот ќе трае 24 месеци, а неговата цел е преку подобрување на работењето и конкурентноста на одредени локални компании да се подгне капацитетот за подобра соработка со странските инвеститори во земјата, за да можат да бидат вклучени во синџирот на добавувачи.

На конференцијата на која ќе присуствуваат  претставници на странските инвеститори и на македонските компании кои имаат потенцијал да станат нивни локални добавувачи, ќе бидат презентирани и резултати од спорведена анкета за унапредување на конкурентноста на домашните компании, а ќе говори и заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев.



Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото