05 Мај, 2024
0.0269

МУЛТИПИЈАЛОК: Поправа крвна слика, дејствува антивоспалително, ја брише болката!

Објавено во: Стил 06 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Куркумата со причина се споменува како кралица на зачините, а во Индија малку јадења може да се замислат без неа. Освен што се користи како додаток на јадењата, куркумата е неизоставен дел од разни лековити подготовки кои навистина ефикасно влијаат на здравјето. Станува збор за зачин кој содржи повеќе од 300 антиоксиданси, а со самото тоа е вистински лек. Ви донесуваме рецепт за сок кој може да го направите од куркума во прав, но и од сирова куркума во корен по желба. Станува збор за мултипијалок кој дејствува како аналгетик со противвоспалителни својства, но носи и бројни други благодети за здравјето.

Состојки:

-1 лажичка куркума во прав -1 парче ѓумбир (околу 5 см) -5 моркови -2 лимони -1 портокал -1 краставица

Подготовка:

Излупете ја кората од лимоните и портокалот, како и од ѓумбирот и морковот. Сите состојки измиксајте ги во блендер или со миксер, а по желба додајте им лед и послужете како пијалок.

Лековити предности на сокот

Артритис

Сокот од куркума успешно ги ублажува воспаленијата предизвикани од артритис. Куркуминот, еден од антиоксидансите присутни во куркумата, во разреден облик станува активен и може да ја ублажи вкочанетоста и отечените зглобови.

Рак

Одамна е познато дека токму антиоксидансите се главните работи кои се мешаат и го регулираат растот на слободните радикали во човечкото тело, а токму такви слободни радикали може да доведат до многу болести, па така и до рак. Сокот од куркума е многу ефикасна превенција за рак на јајници, дебело црево, простата и дојка.

Тешкотии со варењето

Овој сок ќе ја намали надуеноста, ќе го ублажи гастритисот. Освен сок, може да конзумирате куркума во прав како зачин на речиси секое јадење. Дневно конзумирајте количина која се собира во пластична лажица за кафе (како од кафе бар).

Го штити срцето и крвните вени

Сокот од куркума го контролира холестеролот, ги чува жилите и срцето. Дејствува превентивно кај потенцијални кардиоваскуларни болести.

Ги уништува токсините

Овој сок успешно ќе го исчисти телото од токсини.