03 Мај, 2024
0.0378

МВР го разгледува предлог-законот, никој незнае колку македонски државјанства ќе се поделат

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Никој засега не знае колку нови државјани ќе добие Македонија со предлог-измените на Законот за државјанства што го предложуваат албанските опозициски партии. Засега политичарите нафрлуваат само бројки, а денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека МВР допрва треба да се произнесе по ова прашање.

- Во МВР во моментов се разгледува законското решение, а очекувам до понеделник да го дадеме нашето мислење за истиот, рече Спасовски, кој додаде дека нема прецизна бројка колку граѓани би поднеле барање за стекнување со македонско државјанство.

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, вчера рече дека со законските измени „70.000 Косовари би можеле да се стекнат со македонско државјанство“ и дека со овој потег власта им се додворува на Алијанса за Албанците и Алтернатива за да обезбедува кворум во Собранието. Истата бројка ја спомена и Павле Трајанов, лидерот на Домократски сојуз и поранешен разузнавач.

Предлог законот предвидува познавање на еден од службените јазик кои се зборуваат во земјата, лицето да има документ за дозвола за престој 4 години и тројца сведоци кои гарантираат дека лицето кое бара државјанство живеело во тоа место најмалку 4 години.

„Сите овие граѓани Албанци на кои им е укинато тоа право, секако дека треба да им се даде правото. Секој политички субјект, политичар, ако имаат малку човечност, треба да мислат на тоа дека граѓанин без државјанство е граѓанин без здравствена заштита во време на пандемија и криза“, рече вчера Зијадин Села, претседателот на Алијанса за Албанците.

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ