На Бит Пазар фатен малолетник со пиштол во „мерцедес“
Објавено во: Македонија 15 Март, 2022
Вчера во 13.00 часот кај Бот Пазар бил фатен малолетник со возило „мерцедес“ а при тоа било пронајдено и огнено оружје кај него.
- Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје запреле патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје. При преглед кај него бил пронајден пиштол „Екол туна мод 635“, информира МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.